Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
  • ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 1 - НАДЛЕЖНОСТИ
  • ИСТОРИЈАТ
  • ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ
  • МЕСЕЧНИ ИЗВЕШТАИ за 2011 год.
  • ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ И ФАКС
  • ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА
  • РАБОТНО ВРЕМЕ НА СУДОТ
  • МЕСТОПОЛОЖБА НА СУДОТ
  • ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО СУДОТ

      

     Надлежноста на Основниот суд Скопје I Скопје е определена согласно Законот за  судови Службен весник на РМ бр.58/2006 и законот за изменување и дополнување на Законот за судови Службен весник на РМ бр.35 од 14.03.2008 год.

    Во судскиот систем судската власт ја вршат Основните судови, Апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република Македонија.

    Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со Законот за судовите.

    Основниот суд Скопје I Скопје е кривичен суд со основна и проширена надлежност за  подрачјето на општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петтровец, Илинден и Арачиново.

    Во Основниот суд Скопје I Скопје е формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и тоа за територијата на цела Република Македонија. 

 


   ИСТОРИЈАТ

  Основниот суд Скопје I Скопје е основан со Повелба на Президиумот на АСНОМ за     устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Оваа Повелба  претставува прв Законодавен акт на првиот Законодавен орган создаден во текот на  НОБ, со кој се утврди постоењето на 25 Општински судови 3 Обласни суда и  Врховниот суд на Македонија.
 
  Во својот почеток овој суд бил сместен во барки кои се наоѓале од спротива на  градежниот факултет во Скопје и пазарчето “Буњаковец”, каде останува се до 1972  година кога се преселува во сегашните простории на булевар “Гоце Делчев” б.б.

  

   ДОСЕГАШНИ И СЕГАШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОВОЈ СУД
  Во периодот од 1945 година па до сега Претседатели на овој суд биле:
       1. Стојче Поповски
       2. Томе Пулејков
       3. Перо Јовчев
       4. Александар Николовски
       5. Владимир Хаџи Христовски
       6. Атанасие Јанковски
       7. Ангел Солев
       8. Боро Тасевски
       9. Добрила Кацарска

      10.Лидија Неделкова

  

ПОСЕТА НА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОР СКОПЈЕ- СКОПЈЕ
 
  
Посета на притворени лица во Истражниот затвор Скопје

е на 3(трети),4(четврти) на почеток од месецот и на 17(седумнаесети)

и 18(осумнаесети) на средина на месецот. Доколку  определениот

датум(датуми) се падне во викенд (сабота, недела) или празник датум за посета се смета/ат  наредниот(наредните)  работен/ни  ден(денови).

 

НАПОМЕНА : Сите роднини на притворени лица задолжително да

носат лична карта.

Извод од матична книга на родени за браќа и сестри.

Извод од матична книга на венчани за сопруги и сопрузи.

 

За едно притворено лице посетата за двата последователни дена

можат да ја користат најмногу три члена од семејството.      

 

**  Оваа посета важи за лица притворени од страна на Основниот суд Скопје 1 ** 

 

     КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ И ФАКС НА СУДОТ
 
    Телефонска централа:
      тел: 02 3292 611

 

    Телефонска централа во одделението за Прекршоци и

      одделението за Санкции     тел:  02 3116 131

    Технички секретар на Претседателот на судот  г-ѓа Лидија Славковиќ 

      тел: 02 3292 633       факс: 02 3292 633

    Администратор на судот (секретар на судот)  г-дин Ристе Спасов
      тел: 02 3292 647

 

    Управител на судските писарници на судот  г-дин Владимир Ружојчиќ

      тел: 02 3292 646

 

    Потпарол на судот

      судија Владимир Туфегџиќ соба 4 тел: 02 3292 691

 

    Канцеларија за односи со јавноста  

    стручни судски соработници:

    Софија Лаличиќ и Марија Чиплакоска  тел: 02 3292 612 

 

    Раководител на одделението за Организиран Криминал

     Претседателот на судот г-ѓа Лидија Неделкова

 

    Раководител на одделението за Истрага – КИОК

     Претседателот на судот г-ѓа Лидија Неделкова

   

   Раководител на Кривичното одделение - полнолетни

     судија Радица Васиљевска    соба 27     тел: 02 3292 660

  

   Раководител на оделението за Истрага

     судија  Марјан Колишевски  соба 6   тел: 02 3292 629

   

   Раководител на Кривичното одделение - малолетни

     судија Јулијана Јосифовска  соба 49  зграда на Апелационен суд

     тел: 02 3292 823

    

   Раководител на одделението за Санкции

     судија Ангелина Поповска    во бараките во градскиот парк на ул.Јордан

     Хаџи Константинов Џинот бб. тел. и факс 02 3225 565

 

   Раководител на КОК писарница

     Наташа Г.Стојановска   тел:  02 3292 618

 

   Раководител на Кривична писарница - полнолетни

      Светлана Лазаревска    тел:  02 3292 617

  

   Раководител на Кривична писарница – малолетни

     Надежда Браздова   тел:  02 3292 830

 

   Раководител на писарница за Истрага

      Виолета Ивановска    тел:  02 3292 615

 

   Раководител на писарница на Кривичен Совет

     Ветон Мукаиповски    тел:  02 3292 618

 

   Раководител на Приемна писарница

     Јован Петков   тел: 02 3292 630

 

   Раководител на судска полиција

      Боге Мојсовски   тел: 02 3292 626

   

   Раководител на  сметковотство

      Виолетa Петушевска   соба 23    тел: 02 3292 649

  

   Раководител за одделението за достава

     Ивица Јанковски    подрум    тел: 02 3292 640 

     

СТРУКТУРА НА СУДСКАТА ЗГРАДА

     Приземје (види) 

 

   На приземјето се сместени канцелриите на истражните судии како и истражните   судии по Организиран криминал, телефонската централа, доставната служба, големата судница I и судската писарница со следните оддели:

 

  • оддел за прием и експедиција
  • кривичен оддел КОК
  • кривичен оддел
  • истражен оддел КИОК
  • истражен оддел и
  • оддел на Кривичен Совет

    Прв кат (види)


  На првиот кат во судот се сместени Кабинетот на Претседателот, кабинетот на Секретарот,кабинетот на Управителот, кабинети на судии, четири сали за судење од II-V,  кацеларии на стручни судски соработници и благајната и сметковотството на судот.

 

    Втор кат (види)

   На вториот кат во судот се сместени кабинети на судии, канцеларии на стручни судски  соработници и четири сали за судење од VI-XI.

   Трет кат (види)  


  На третиот кат во судот се сместени кабинети на судии,канцеларии на стручни судски соработници,шест сали за судење од X-XIII, XVII и XVIII-та сала, оддел за извршување на санкции како и кабинет каде странките т.е. адвокатите можат да извршат увид во соодветен предмет.

 

  Објект на одделите за прекршоци и санкции (види)  

 

     Во обeктот за прекршоци и санкции се сместени 15 канцеларии на судиите за прекршоци и две канцеларии на судиите за санкции. Објектот на одделите за прекршоци и санкции се наоѓа на ул.Јордан Константинов Џинот б.б. во градскиот парк.  

 

                         

РАБОТНО ВРЕМЕ НА СУДОТ

од 08:30  до 16:30 часот

 

РАБОТНО ВРЕМЕ НА КРИВИЧНИ ПИСАРНИЦИ СО СТРАНКИ

 од 09:30  до  14:30 часот

 

РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПРИЕМНИТЕ ШАЛТЕРИ

 од 08:45  до  16:00 часот

 

ПАУЗА

 од  12:30  до 13:00 часот

              

    ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО СУДОТ