Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

22.02.2017   СООПШТЕНИ ЗА ЈАВНОСТ

Во досегашното 72 годишно постоење на Основниот суд Скопје 1 – Скопје не се памети вакво однесување и непочитување  на Јавен обвинител во судница, како  кон судот, судската власт така и кон судијата кој ја води постапката како што присутните можеа да го видат на денешното судење по предметот на  Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои приозлегуваат од незаконското следење на коминукациите (СЈО) против 14 обвинети лица за кривичното дело Насилство.

Како суд, заради транспaрентно информирање на граѓаните, но и заради јавниот интерес, должни сме да кажеме дека со  денешниот однос,  јавните обвинителки од посоченото обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи во присуство на јавност во судницата, покажаа каков е нивниот однос кон судската власт во државата, однесувајќи се  дрско,крајно непрофесионално, злупотребувајќи го правото на збор и погазувајќи го секој принцип од кодексот на јавно обвинителска етика.

Судечкиот судија мирно и достонинствено како што доликува на вршител на судската власт, на записник го нотираше секој збор и навреда упатена кон неа лично како судија и судот пред кој се води постапката, при што за ваквото однесување повеќе пати ги опомена јавните обвинителки, како странка во постапката, да се воздржат од навреди и да постапуваат во рамките на професионалната етика. Но и покрај опoмените истите не престанаа да навлегуваат во збор на судијата, да го навредуваат, а со тоа да го нарушуваат редот во судницата и да не дозволат судијата непречено и сконцентрирано да слуша што се зборува во судницата и да го води записникот кој меѓудругото се доставува и до самите обвинители.

Но, тоа не беше доволно да се спречи очигледната намера на обвинителките, кои и покрај тоа што немаше услови да се одржи рочиштето поради неприсуство на неколку обвинети, да ја исполнат нивната цел денес како што и самите изјавија  да одглумат некаква улога, а истото дрско го препорачаа и на судијата да учи од нив како се глуми и да одглуми непристрасен судија.

Од сите овие причини судчекиот судија, согласно член 7 од Законот за СЈО,  а во врска со член 361 од ЗКП, донесе одлука предметот целосно да го достави до Советот на Јавни обвинители како  единствено тело надлежо да се признесе околу однесувањето на јавните обвинители од ова обвинителство.

Како суд должни сме да го задржиме нивото на професионално и законито постапување како што е предвидено во Уставот и Законите на Р. Македонија и ја повикуваме  јавноста будно да гo следи ваквото однесување на СЈО и константните напади и испади кон судската власт, а исто така како и до сега, сме транспарентни во однос на непосредно следење на судските процеси, како и контрола на истите, како од јавноста така и од сите надлежни државни институции меѓу кои Судски совет, Совет на Јавни обвинители, Здружение на судии , меѓународните претставници во земјата, со цел да се уверат во  упатените навреди и закани за кривично гонење на судии, од страна на ова обвинителство, што претставува атак врз судскиот систем на Р.Македонија.

Со почит Основен суд Скопје 1 - Скопје.

 


Назад