Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
04.01.2012   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Oсновниот суд Скопје I Скопје, со пресуда КОК.бр.70/11, објавена на ден 04.01.2012 година, огласи за виновни 2-две лица, и тоа на Х.Х.И. и на М.А. им изрече единствена казна затвор во траење од по 9-девет години, во која казна затвор се засметува времето минато во притвор.

По донесувањето на пресудата, мерката притвор е продолжена до правосилноста на истата, односно до започнување на издржување на казната.

Истовремено, со Пресудата КОК.бр.70/11 на обвинетите им се изрекува казна-Протерување странец од земјата-засекогаш, започнувајќи од денот на протерување од Р.Македонија, а по издржаната казна затвор.

Осудените лица беа обвинети дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти по чл.418-в ст.1 од КЗ на РМ и продолжено кривино дело Криумчарење мигранти од член 418-б ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на РМ.

 

Со почит,

 

 

                                                                             Канцеларија за односи со јавност  

                                                                             при  Основен суд Скопје 1 Скопје 

15.12.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Oсновниот суд Скопје I Скопје, со пресуда КОК.бр.46/11, објавена на ден 15.12.2011 година, огласи за виновни 14-четиринаесет лица, од кои на А.Р., М.Ф. и Ј.Р. им изрече казна затвор во траење од по 13-тринаесет години, на М.Е., М.Л., С.Џ., М.Б. и К.Ј им изрече казна затвор во траење од по 7-седум години, на А.Е. казна затвор во траење од 10 години, на Р.Н. му изрече единствена казна затвор во траење од 5-пет години и 6-шест месеци, на М.С. и Г.К. им изрече казна затвор во траење од по 3-три години, на Х.Ф. казна затвор во траење од 1-една година и на Д.Н. му изрече алтернативна мерка условна осуда со која на обвинетиот му утврди казна затвор во траење од 1-една година која нема да се изврши доколку за време од 3-три години не стори ново кривично дело.

Истовремено, со Пресудата КОК.бр.46/11 од обвинетите се одземени наркотичната дрога, како и подвижните предмети употребени за нивно правење, пренесување или растурање. Одземени се и предметите употребени за извршување на кривичните дела.

Во корист на Република Македонија, од обвинетиот М.Л. е конфискувана имотна корист прибавена со кривичното дело во износ од 479.500,оо денари, додека од К.Г. во износ  од 450 евра.

По донесувањето на пресудата, на А.Р., М.Ф., Ј.Р. и А.Е. мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната и тоа од моментот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода. На сите останати осудени лица им е продолжена мерката притвор до правосилноста на пресудата односно до започнување на издржување на казната, освен на С.М. и Х.Ф. на кои судот со Решение ја укина мерката притвор на 15.12.2011 година.

Осудените лица беа обвинети дека сториле кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од КЗ и злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот Законик.

 

Со почит,

 

 

                                                                                       Канцеларија за односи со јавност

                                                                                       при  Основен суд Скопје 1 Скопје

 

29.11.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА СЛУЧАЈОТ “КАМПАЊА”
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ Поради интерес на јавноста за предметот познат како „Кампања“, известуваме дека Oсновниот суд Скопје I Скопје, денес на ден 29.11.2011 година ја објави пресудата со која го огласи за виновно лицето Љ.Б. и го осуди на единствена казна затвор во траење од 7 години. Истовремено, со Пресудата К.бр.2421/11, се конфискуваат пари во износ од 130.000 евра. Лицето Љ.Б. е осудено дека сторил две кривични дела и тоа Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.4 в.в. ст.2 и ст.1 и кривично дело Злоупотреба на средствата за финансирање н изборната кампања по чл. 165-а ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија. По донесувањето на пресудата, мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата, односно до започнување на издржување на казната. Со почит, Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1 Скопје
29.11.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА СЛУЧАЈОТ “ВИТОРИЈА”
Поради интерес на јавноста за предметот КОК.бр.26/11 познат како „Виторија“ известуваме дека Oсновниот суд Скопје I Скопје, денес на ден 29.11.2011 година ја објави пресудата со која огласи за виновни 7-седум лица, од кои на Д.С. му изрече единствена казна затвор во траење од 8-осум години, на Г.Г. единствена казна затвор во траење од 8-осум години и 6-шест месеци, на Б.Д. му изрече единствена казна затвор во траење од 1-една година и 4-четири месеци, на Д.Г. единствена казна затвор во траење од 3-три години и 8-осум месеци, на М.Ф. единствена казна затвор во траење од 3-три години и 6-шест месеци, на Б.Б. казна затвор во траење од 2-две години и на К.Г. единствена казна затвор во траење од 2-две години и 1-еден месец. Истовремено, со Пресудата КОК.бр.26/11, а согласно чл.100-а ст.3 од КЗ, предметите употребени за извршување на кривичното дело се одземаат од обвинетите. Спрема Д.С. се одбива обвинението согласно чл.367 ст.1 т.3 од ЗКП за едно кривично дело Изнуда од чл.258 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на РМ, бидејќи јавниот обвинител се откажал од кривичен прогон до завршување на главниот претрес. Горенаведените лица се осудени дека сториле кривични дела Злосторничко здружување по чл. 394 ст.1 од КЗ на РМ, Изнуда од чл. 258 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл. 45 од КЗ на РМ, Грабнување по чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл 45 од КЗ на РМ, Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст.2 в.в. ст.1 в.в. со чл. 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија. По донесувањето на пресудата, мерката притвор е продолжена до правосилноста на пресудата, односно до започнување на издржување на казната спрема обвинетите Д.С., Г.Г., Д.Г. и М.Ф., а спрема обвинетите Б.Д., Б.Б. и К.Г. мерката притвор и куќен приотвор се укинува бидејќи повеќе не постојат причините поради кои притворот бил определен. Со почит, Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1 Скопје
04.11.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

 

Поради интерес на јавноста за предметот КОК.бр.23/07 во јавноста познат под работен наслов „Јака Табак“ известуваме дека Oсновниот суд Скопје I Скопје, денес на ден 04.11.2011 година ја објави пресудата со која огласи за виновни 14-четиринаесет лица, од кои на Р.П. и Ѓ.Т. им изрече казна затвор во траење од по 5-пет години, на В.Р. казна затвор во траење од 4-четири години, на Д.Ѓ., Т.К. и М.Н. им изрече казна затвор во траење од по 3-три години и на С.Н. казна затвор во траење од 1-една година.

Алтернативна мерка-условна осуда им е изречена на 7-седум лица, од кои на Р.Д. и М.П. им утврди казна затвор во траење од по2-две години и истовремено определи дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од п5-пет години сметано од денот на правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело, додека на на В.Н., Д.П., С.С., Д.Ѓ. и В.Р, им утврди казна затвор во траење од по 1-една година и истовремено определи дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 3-три години сметано од денот на правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Истовремено, со Пресудата КОК.бр.23/07, осум обвинети и тоа Р.П., М.П., Р.Д., Ѓ.Т., Т.К., Д.Ѓ., В.Р. и М.Н. се задолжени во рок од 3-три месеци од правосилноста на пресудата на Република Македонија солидарно да и ја надоместат штетата во износ од 154.926.564,оо денари – штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, причинета со извршеното кривично дело, додека двајца обвинетите и тоа Р.П. и Ѓ.Т. се задолжени во рок од 3-три месеци од правосилноста на пресудата, на Република Македонија солидарно да ја надоместат и штетата во износ од 7.046.195,оо денари - штета причинета на средствата на Буџетот на Република Македонија по основ на исполнување на склучениот Договор за чување, складирање и одржување на заложениот тутун.

Спрема В.С.Б. се одбива обвинението согласно чл.367 ст.1 т.3 од ЗКП, бидејќи  јавниот обвинител се откажал од кривичен прогон до завршување на главниот претрес.

 

Осудените лица беа обвинети дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 в.в. со член 22 од Кривичниот Законик како и за кривично дело Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 2 в.в. со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

 

Со почит,

 

                                                                              Канцеларија за односи со јавност

                                                                              при  Основен суд Скопје 1 Скопје

02.11.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

 

Поради интерес на јавноста за предметот К.бр.2928/11 во кој обвинет е лицето Игор Спасов, за кривично дело Убиство по чл.123 ст.1 од КЗ на РМ, известуваме дека денес на ден 02.11.2011 година се одржа главен претрес, на кој е распитан обвинетиот, законскиот застапник на оштетениот и еден сведок.

Истовремено известуваме дека од повиканите 5-пет сведоци, четворица од нив не се јавија на судењето.

Оваа прилика ја користиме да им укажеме на медиумите кои го следат ова судење да известуваат професионално, коректно и објективно, по завршување на судските дејствија, а не за време на одвивање на истите.

Ова особено се однесува на пренесување на исказот на обвинетиот во фаза на постапката кога не се сослушани сведоците, што може да влијае на нивните искази, што е спротивно на Законот за кривична постапка.

Главниот претрес по овој предмет продолжува на 07.11, со почеток во 10 часот.

 

Со почит,

 

                                                                             Канцеларија за односи со јавност  

                                                                             при  Основен суд Скопје 1 Скопје

20.10.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И МЕДИУМИТЕ

 

На ден 25.10.2011 година со почеток во 8,30 часот по втор пат ќе го обележиме Европскиот ден на граѓанска правда. По тој повод се повикуваат граѓаните, медиумите и сите заинтересирани да го посетат Основниот суд Скопје 1 Скопје за да видат какви се можностите на граѓаните за остварување на нивните права. На сите заинтересирани ќе им биде овозможено разгледување на судот, разговор со судиите и вработените.

19.10.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ  ДО  ЈАВНОСТА

 

            Во врска со одржаниот симболички фудбалскиот натпревар на Арената Филип Втори меѓу претставниците на правосудниот систем во Македонија, судии, обвинители и адвокати, а кој беше во организација на Министертстото за правда на РМ, како означување на кампањата за Реформи во судството на Република Македонија, Основниот суд Скопје 1 Скопје не може, а да не реагира на крајно неадекватните изјави на поединци и коментари  изнесени во дневните весници и други медиуми, а кои се однесуваат на работата на судовите. Неупатно, крајно неадекватно и не фер кон судиите и судскиот систм на РМ е започнувањето на кампањата за реформи во судството да се одбележи и компарира со непрофесионално, политизирано,  нерегуларно и неетичко работење на судиите.  Судиите од овој суд во никој  случај немаше да учествуваат на овој натпревар доколку во поканата за нивно учество ќе беше наведено дека овој натпревар всушност претставува измислена пародија за работата на судовите.

          Основниот суд Скопје 1 Скопје и судиите кои се избрани и работат во овој суд, во секој случај постапуваат  согласно законот и меѓународно прифатените и ратификувани договори и притоа прават огромни напори за ефикасно и квалитетно завршување на судските постапки.

          Основниот суд Скопје 1 Скопје  во иднина нема да учествува на настани од ваков тип кои наместо пред домашната и меѓународната јавност да ја одразуваат  вистината за работата на судиите и реформите во судството, даваат погрешна слика на судскиот систем на Република Македонија која не кореспондира со реалноста.

 

 

        Со почит,

 

 

                                                                         Канцеларија за односи со јавност         

                                                                         на Основен суд Скопје 1 Скопје

18.10.2011   СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

     За правилно информирање на јавноста соопштуваме дека објавата на пресудата по предметот под работен наслов Фаланга ќе се изврши на ден 21.10.2011 година во 09.00 часот.                          

 

 

                  Со почит,

 

                                                                         Канцеларија за односи со јавност

                                                                          при  Основен суд Скопје 1 Скопје

18.10.2011   СООПШТЕНИЕ ДИ ЈАВНОСТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

 

 

 

Поради интерес на јавноста за предметот К.бр.2928/11 во кој обвинет е лицето Игор Спасов, за кривично дело Убиство по чл.123 ст.1 од КЗ на РМ, известуваме дека откако обвинителниот акт стана правосилен, судот закажа главен претрес и тоа на 02.11, 07.11, 09.11, 14.11 и 16.11.2011 година, со почеток во 10 часот.

 

Со почит,

 

                                                                             Канцеларија за односи со јавност   

                                                                             при  Основен суд Скопје 1 Скопје

12345678910...